Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Цената за уставните измени ќе биде повисока ако се одлагаат

„Сме разговарале повеќе пати дека цената на уставните измени ќе биде повисока по изборите. Подобро беше до сега да ги направиме уставните измени, без други дополнителни прашања“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека сега се отвораат и прашањата за избор на претседателот во Собранието, кое е отворено од повеќе партии, како и прашањето за 20 отсто и албанскиот јазик.

„Наредниот пат, кога и да се отвора Уставот, многу прашања ќе се отворат. Затоа сакавме тоа да се случи сега, бидејќи бевме ограничени на едно прашање. Сега по изборите легитимно е секоја партија, па можеби и СДСМ, да има идеи како да се подобри Уставот“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +