2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Опозицијата создава непотребна конфузија кај граѓаните за личните документи во трка за евтини политички поени

„Во трка за евтини политички поени и министерот за внатрешни работи и други претставици на опозицијата создаваат непотребна конфузија кај граѓаните“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма за ситуацијата со патните исправи и кажа дека ниту една земја од ЕУ не потврдила дека дозволува патување со старите документи.

Вицепремиерот кажа дека секој што патува надвор од државата треба да има нов пасош, а на тие кои живеат во други држави им препорачува да користат бесплатни патни листови за враќање дома.

„Тоа е поправилно, бидејќи ако одат со кола не може да се предвиди каде може некој да направи проблем за стариот пасош“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека треба да се гледа од аспект на граѓаните, а не политички опортуно да се носи нов закон за продолжување на важноста на пасошите, бидејќи тоа не го решава проблемот.

„Тоа ќе внесе дополнителна и поголема правна несигурност и можност да ги внесе граѓаните во поголеми проблеми, дополнителни трошоци и непријатности на гранични премини. Во моментот немаме официјално известување од ниту една членка на ЕУ дека може со стариот пасош да се патува“ потенцираше Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК