22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Го растуривме системот ВМРО-МВРО, сега има систем на професионалници кои си ја сакаат државата и работат само во интерес на граѓаните

„Граѓаните како изминатите години и овие наредни месеци и во техничка влада можат да очекуваат организираност, посветеност во работата од страна на македонската полиција и службениците во управните служби. Тоа не го говорам само за политички маркетинг, туку дека бројките и фактите се на наша страна. Ниту јас, ниту партијата од која доаѓам се занимава со лажни вести, со пумпање на балони, со создавање криза, дека имало некаков хаос, да ги доведуваме граѓаните во некаква заблуда и да направиме ситуација во која ќе кажеме дека системот не функционира. Напротив, и изминатите години и сега и натаму системот ќе функционира бидејќи направивме систем каде што изминатите години го растуривме системот ВМРО-МВРО, сега има систем на професионалници кои си ја сакаат полицијата, си ја сакаат државата и работат само во интерес на граѓаните“ изјави дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во емисија на ТВ Стар.
Во однос на изјавата на Тошковски дека некој променил некој акт, за да се донесуваат помалку обрасци отколку што било договорено, тој додаде се работи за лажна вест која оди на штета на граѓаните и дека ако се земат бројките од 29 јануари до денеска ќе се види дека се пристигнати 50.000 обрасци, потоа доаѓаат уште 20.000 обрасци, доаѓаат 140.000 обрасци и до крајот на неделата пристигнуваат 85.000 обрасци, односно станува збор за бројка од 300.000 обрасци.

„Машините на МВР со капацитетот кој го имаат од 3.000 пасоши дневно, некаде на крајот на мај, почетокот на јуни, секојдневно ќе може со полн капацитет од 1.000 печатења дневно да работат машините без никаков застој, а на крајот на мај ја добиваме и последната тура од пасошите, некаде 2 милиони, за промена на пасошите од Република Македонија во Република Северна Македонија“, заклучи Бојмацалиев.