22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Освен лажните вести кои се пласираат со обрасците, нема никакви поместувања и нарушувања на јавната безбедност на граѓаните

„Освен лажните вести кои се пласираат со обрасците, во делот на БЈБ кој е под директорот Сашо Тасевски, таму нема никакви поместувања, освен 14 законски промени, законот за Пржинска влада, нема никакви поместувања и нарушувања на јавната безбедност на граѓаните бидејќи овој партизиран систем е демонтиран, тука работат професионалци кои тешко некој може да ги помести од тие шини. Ние во државата кога го правевме проектот за промена на личните документи, кога се завршени сите законски процедури кои траеле неколку години, опструирани од одредени политички партии, во државата има 1 милион осумстотини и три илјади пасоши, граѓани кои поседуваат пасоши со Република Северна Македонија. Проекцијата која е правена за нарачка на нови обрасци била некаде 2 милиони, а до сега се стигнати со овие 85.000 обрасци, 1 милион и седумстотини триесет и четири илјади пасоши“, изјави дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Митко ојмацалиев во емисија на ТВ Стар.

Тој подвлече дека нема хаос, нема опструкции, туку има само работа од страна на МВР, од колегите во управните служби кои искрено и посветено си ја работат својата работа во целиот процес.

„Да се навратиме, зошто е мала бројката или луѓето не ги смениле своите пасоши, околу 600.000 граѓани, се должи исклучиво на пропагандата која ја правеше ВМРО-ДПМНЕ. Пропагандата која ја правеа сите изминати години, дека ќе го укинат Преспанскиот договор, ќе го вратат старото име, и за жал граѓаните пак ги доведоа до некаква заблуда надевајќи се дека навистина тоа што го зборуваат и го мислат, но тоа го прават само за дневно политички маркетинг“, подвлече Бојмацалиев.

Во однос на неговото пречекување на обрасците за пасошите, тој додаде дека го сторил тоа за да им ја долови на граѓаните реалноста, и дека тоа што се зборува се лажни вести за дневно политички маркетинг, дека некој предвидел колку обрасци ќе треба и со која динамика ќе можат да се издадат.

„Има многу од ВМРО-ДПМНЕ кои пишуваа статуси на социјални мрежи и збореа дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека ќе го вратат старото име“, заклучи Бојмацалиев.