Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Им ја поништив лажната вест дека некој опструира во МВР

„Колку и да сакаат да продаваат приказна, реалноста е таа. Може да ме критикуваат колку сакаат дека сум бил на ГП Богородица да ги пречекам обрасците. Сакав да им ја поништам тезата дека нема обрасци и дека некој ги опструира. Тоа беше главната причина. Јас сум среќен што успеав во тоа, таа лажна вест повеќе ја нема во етерот. Вие сте новинар, проверете, дали некаде некој зборува дека нема обрасци сега? Јас сум среќен што успеав да ја поништам таа вест, може да ме критикуваат колку сакаат, нема да ме обесхрабри во борбата против лажните вести и да ја кажуват вистината со факти така како што е. Бидејќи, нашиот народ заслужува да ја знае вистината. Не со дневно политички ПР агенции денес ќе лажеме ова, утре тоа, граѓаните ќе ги доведемe до конфузија, и ќе ќариме политички поени, некој глас, а кога ќе дојдеме на одредена позиција, ќе си земаме платичка со Северна Македонија, ќе потпишуваме документи со Северна Македонија”, рече Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК