24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Матевски: Некомпетентни луѓе кои немаат ниту еден ден поминато во производството шират лаги за РЕК Битола

„Жално е ова што се случува, посебно од луѓе кои не се компетентни да зборуваат за работата во РЕК Битола и за производството. Луѓе кои еден ден немаат поминато во производство и се на товар на државата, коментираат и шират лажни вести за тоа како функционира РЕК и како работи РЕК“ рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски во интерју за ТВ Тера.

Тој додаде дека одредена група на луѓе излегле пред РЕК Битола и изразиле сомнеж за плановите.

„Секоја јавна набавка во РЕК Битола не е дека ми текнало мене или не знам на кој, туку си има свој ред како да се оди. Треба да имаме јавна набавка, таа да влезе во годишниот план за јавни набавки, инженерите да ја примпремаат, да се пушти до урпавен и надзорен одбор, па да ја објавиме, потоа државните институции даваат согласност, па после се враќа и објавува кој ќе биде оператор“ рече Матевски.

Директорот на РЕК Битола рече дека нема да дозволи некој да ги шиканира и именува вработените за политички поени и затоа ќе се обрати до институциите со сите докази.

„Тие кујни што си ги припремаат се за ловење на гласови. Во РЕК Битола секој си ја знае работата и нашите вработени знаат како се работело и како се работи, знаат како беше до 2017 година, а како е сега“ рече Матевски.