Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Опожарени две возила во Аеродром, нема повредени

Денеска во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром биле опожарени патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 44-годишниот Д.Ц. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот З.Н. од Скопје, извести МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +