14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Максим Димитреиевски влезе во претседателската трка

Максим Димитериевски е кандидатот за претседател на Македонија на Движењето „ЗНАМ – за наша Македонија“ на претстојните претседателски избори, соопшти портпаролот на партијата, Никола Мемов, на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека на Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.

„На Македонија ѝ се потребни предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија ѝ е потребен Максим Димитриевски“, нагласи Мемов.

Како што додаде, на овие избори граѓаните на Македонија првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против.

„Крајно време е да се случи вистинската промена на политичката сцена во Македонија“, рече тој.

Мемов посочи дека од утре почнуваат постапката за собирање потписи и граѓанската поддршка на кандидатот за претседател и додаде:

„Ги повикуваме граѓаните да се охрабрат и масовно да ја поддржат кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател со давање потпис во општинските канцеларии на Државната изборна комисија.

Запрашан кои се очекувањата на изборите, Мемов рече:

„Очекуваме победа. Партиската аналитика ни говори дека нашиот кандидат за претседател со сигурност ќе влезе во вториот круг, а потоа и конечна победа“.