Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради големиот број апликации, Министерството за економија го затвара огласот за доделување ваучери за туризам

Поради големиот број пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден, 16.2.2024 година, до 15.30 часот, да го затвори јавниот повик за организирање одмор за работници со ниски приходи за 2024 година.

Јавниот повик беше објавен на 12 февруари на веб-страницата на Министерството за економија и во два печатени медиума, а крајниот рок за пријавување на овој оглас е 29 февруари 2024 година.

Заклучно со денешниот ден, за пет дена од објавување на огласот во архивата на Министерството за економија и по пошта пристигнати се над 3.600 апликации.

Се очекува оваа бројка на апликации дополнително да се зголеми со барањата што ќе пристигнат по пошта во наредните денови.

За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија се обезбедени средства во износ од 64.000.000 денари (околу еден милион евра), од кои е предвидено да се издадат вкупно 3.555 потврди – ваучери за одмор за работници со ниски приходи.

Во согласност со јавниот повик се доделува потврда – ваучер од 18.000 денари за сите физички лица што се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето-приходот од 50.000 денари, кои ќе аплицираат за оваа мерка по принципот прв дојден – прв услужен и во прилог на барањето да имаат комплетна документација во согласност со јавниот повик.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК