Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мустафи-Алкан: Ромскиот колектив е како дијамант, треба да се избруси и да му се даде шанса за да дојде до израз

Ромскиот глас се зајакнуваше со текот на годините и јас би кажала дека ромскиот глас и ромскиот колектив се како дијамант, треба само да се избруси, да му се даде шанса, за да дојде до израз, порача во интервју за Слободен печат, Селвије Мустафи-Алкан од Фондацијата „Роми за демократија“

Таа додаде дека во последните неколку години има добар развој и напредок на статусот и положбата на ромската заедница во државата.

„Во последните шест години секако дека има развој и напредок. Во делот на образованието има голем напредок, особено што од 2016 година имаме стотици нови Роми магистри, напредок има и во делот на политичка активност, особено во деловите каде што претходно не сме биле толку активни како ромска заедница, каде можеби одредени политички партии и организации во минатото не допреле. Мислам дека пикот со таа политичка партиципација и активизам се случи со полиитчкото движење Аваја од 2019 година, а исто така би споменала и дека од некаде 2019 и 2020 година па навака ја имаме првата жена Ромка надворешен соработник во кабинетот на престедателот Пендаровски, како и советник на премиерот“ истакна Мустафи-Алкан.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК