Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Таравари е претседателски кандидат на албанската опозиција

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека дека е кандидат за претседател на државата, на предлог на претседателството на Алијансата и со поддршка на Европскиот сојуз за промени.

На објавувањето на кандидатурата на градскиот плоштад во Гостивар, присуствуваа лидерите на трите партии од албанскиот опозициски блок – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).

„Привилегија е да имам доверба од толку многу фактори. Мојата цел е диверзитетите да ги претвориме во уметност на соживот и хармонија. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински“, рече Таравари додавајќи дека кога дал заклетва како доктор се обврзал дека во извршувањето на должноста нема да влијаат религијата, националноста, политиката или класните припадности, а тоа всушност ја изразува суштината и на неговото ветување и кога станува збор за претседателската кандидатура.

Таравари се најде во судир со поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, кој спротивно на Таравари смета дека партијата треба да оди сама изборите, што ја подели партијата на два табора.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК