Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се судрија мерцедес и фиат пунто среде Скопје: Едно лице тешко повредено, возачот на мерцедесот побегнал од местото на настанот

На 14.02.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружен тек на ул.„Скупи“ со бул.„8 Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(36) од с.Ржаничино, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (45) од Скопје, кој го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК