22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Двојни стандарди на Пендаровски, го потпиша Кривичниот законик со европско знаме иако ЕУ се противеше

Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците, велат од ДУИ.

„Приказната за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски. Пендаровски го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното обвинителство“, додаваат од ДУИ.

Според нив, Пендаровски знаел дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца.

„Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, особено со благослов на мајките дека „ги спасувате нашите деца“, но и граѓанското општество. Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци и ја одбра страната на обложувалниците и казината“, посочуваат од ДУИ.

Како што велат уште пожалосно е образложението дека европското знаме било „злоупотребена“ за усвојување на законот и дека немал забелешки за содржината туку само за процедурата.

„Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца“, завршуваат од ДУИ.