Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште една тешка сообраќајка со смртни последици во Македонија: Има загинат и повредени кај Стража

Денеска околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар на превојот Стража патничко моторно возило ‘фолксваген шаран’ со охридски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Б.Н. од Охрид удрил во товарно моторно возило ‘рено’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ‘Македонија пат’“

Несреќата се случила кога автомобилот, со кој патувале охриѓанецот и тројцата странски државјани (двајца од Велика Британија и еден Суринам), удрил во паркирано товарно возило на „Македонија пат“.

Во тешката несреќа охриѓанецот починал, а странците кои биле сопатници се пренесени во болница.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК