14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Пенов: Бев шокиран кога МВР соопшти дека ќе казнува граѓани за возачките доозволи, а проблемот можело да се реши за еден ден

„Има многу политиканство со документите. Јас бев шокиран во неделата кога видов соопштение од МВР дека граѓаните ќе бидат казнувани за возачките дозволи, дека нема да важат осигурителните полиси и слично. Една општа хистерија за да им се земе умот на граѓаните, а излезе дека тој што ќе казнува, можел да повика влада и да предложиме проблем за да не се осети проблемот“ рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со ваквото постапување некој намерно создава хистерија и проблеми за да ги револтира граѓаните.

„Пред тоа ние имавме изјава од поранешниот министер Спасовски дека тој што нема да успее да ги промени докуемтите, за внатрешен промет државата нема да му прави проблеми“ рече Пенов.

Министерот за локална самоурпава додаде дека веќе три недели ВМРО-ДПМНЕ го води Министерството за внатрешни работи и ситуацијата со документите не е подобрена туку вложена.

„Еве, владата била неспособна, а што направи новиот министер? Го прекина издавањето на пасоши со образложение дека немало обрасци. Па може да се сликаат луѓето и кога ќе дојдат обрасците ќе се испечатат пасошите, а тој доаѓа на влада, седи кратко и откако ќе си оди ние ги решаваме овие проблеми“ рече Пенов.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.