24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Орданоски: Кинезите од политички причини не сакаат да го завршат автопатот Кичево-Охрид, низ светот буквално прават автопатишта под океан

„ Со години живеевме во еден ужасен прав и несреденост околу оној кружен тек кај Хубо маркет. Шилегов го почна, оваа градоначалничката што сега ќе прави партии и ќе се кандидира, две-три години не го завршува. Сите се радосни што пред неколку месеци ставија асфалт. Зборуваме за обичен партерен зафат за кружен тек“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.

Тој додаде дека на крајот на краиштата премиерот може лесно да ги констатира пропустите.

„Конретно, за патот кон Охрид, слушам сериозни забелешки од луѓе коишто знаат што зборуваат дека Кинезите е можно тоа политички да го прават и не сакаат да го завршат патот додека е оваа власт на власт. На Кинезите им се случуваат неверојатни работи. Пет-шест пати им паѓаат оние насипи. Ако видиш што се Кина гради низ светот, они буквално прават автопатишта под океан, прават автопатишта на 200 м висина на столбови. Во последните години 90% од експропријација се реши. Има неколку имоти, но не може целиот пат да стои заради три-четири имоти“, посочи Орданоски.

Тој додаде дека Кинезите не се трудат да го завршат тој пат, а тој договор не може да се раскине бидејќи може да се изгубат многу пари на суд.

„Истовремено, ние веќе сме изгубиле стотици милиони за тој пат што не функционира“, заклучи Орданоски.