12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Орданоски: Градоначалничката ќе прави партија, а уште не може да го заврши кружниот кај Хубо што го почна Шилегов

„Со години живеевме во еден ужасен прав и несреденост околу оној кружен тек кај Хубо маркет. Уште Шилегов го почна, оваа градоначалничката што сега ќе прави партии и ќе се кандидира, две-три години уште го нема завршено“ рече аналитичарот Сашо Ордановски на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека сите се радосни што пред неколку месеци бил турен асфалт, а проектот не е завршен иако се работи за обичен партерен зафат за кружен тек.

Ордановски зборуваше и за другите проекти, кои поради едни или други интереси доцнат.

„Конретно, за патот кон Охрид, слушам сериозни забелешки од луѓе коишто знаат што зборуваат дека Кинезите е можно тоа политички да го прават и не сакаат да го завршат патот додека е оваа власт на власт. На Кинезите им се случуваат неверојатни работи. Пет-шест пати им паѓаат оние насипи. Ако видиш што се Кина гради низ светот, они буквално прават автопатишта под океан, прават автопатишта на 200 м висина на столбови. Во последните години 90% од експропријација се реши. Има неколку имоти, но не може целиот пат да стои заради три-четири имоти“, посочи Орданоски.
Тој додаде дека Кинезите не се трудат да го завршат тој пат, а тој договор не може да се раскине бидејќи може да се изгубат многу пари на суд.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат

ДЕСК

Трагедија ја потресе попладнево Македонија: Загина едно лице, 18 годишно момче е тешко повредено при директен судир на две возила

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.