22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведен дилер

Вчера, во 15.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.