16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Комисиите најпрофесионално ги избраа проектите, секоја апликација посебно се оценува

„Комисиите кои беа избрани во министерството за култура најпрофесионално си ја завршија работата, но од нивното влечење по медиуми и деградирање, ќе доведе во иднина тие да не сакаат да одлучуваат на овие конкурси. Имињата на членовите на комисијата јавно беа објавувани. Секој фестивал секоја година има различна апликација која се оценува. Имавме во минатото примери каде фестивали го намалувале квалитетот на програмата и со тоа се намалува сумата за поддршка од министерството,“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „ Анализа 24 на Телевизија 24, во врска со доделувањето на финансии за одредени проекти и ги отфрли сите категоризации дека се работи за клиентелизам и најлошата програма досега.

Таа осврнувајќи се на изјавите на Зоран Љуков од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека елементарно е непознавањето на Љутков, затоа што секој фестивал секоја година има различна апликација и таа се оценува од страна на стручна комисија и офицерите за врски кои долго време работат во министерството, соодветно на таа апликација.

„Имавме во минатото такви примери, каде што реномирани фестивали одлучуваат таа година да го намалат квалитетот, начинот на организирање,одлучува да не патува никаде, одлучува да не кани странски гости, и со тоа се намалува и сумата за кофинансирање односно подршка од Министерство за култура,“рече Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека не е јасно од каде потребата на Љутков да ги деграрира уметниците, и влече по пресови, кога самите сме сведоци дека кога ВМРО ДПМНЕ ниту јавно се соопштувале имињата на членовите.