22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Во општина Чучер Сандево, после 15 години започнува реновирање на културниот дом, „Партизански дом“

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук:

Во општина Чучер Сандево, после 15 години започнува реновирање на културниот дом, „Партизански дом“, кој бил изграден уште во поранешна Југославија.
Со средства во износ од 11.3 милиони денари започнуваме проект со кој општина Чучер Сандево ќе добие културен дом на 623 метри квадратни.
Вложуваме во рамномерен регионален развој затоа што секоја општина заслужува културни настани, културен сјај и културни манифестации.