17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Скопје сепак ќе има вода – не се знае кој на страницата на Водовод ја пушти информацијата дека во градот ќе има прекин

Скопје денеска ќе има вода, односно ќе нема прекин во водоснабдувањето како што вчера најавија од ЈП „Водовод и канализација“. Доцна синоќа, од претпријатието испратија соопштение дека Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето и дека некој на нивната Фејсбук страница објавил неточна информација.

„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие ‘Водовод и канализација‘ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението на „Водовод и канализација“.