Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ нема план, со СДСМ има европска иднина, поголеми плати и пензии

-Дека ДПМНЕ нема план, ни јасен став за ниту едно прашање, граѓаните многу добро го знаат, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ.

Остро се противеше ДПМНЕ на Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

Со СДСМ државата има европска иднина.

Евроинтеграцијата значи и поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, значи силна економија и европски стандарди за живот.

Се наоѓаме во исклучително важен момент во македонската историја, пред единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК