Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: За две години имаме инсталирано капацитети од 600 мегавати од обновливи извори

Осврнувајќи се на економски теми, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Слбоден печат посочи дека Владата што тој ја предводел успеала да се справи со последиците од економската и енегетската криза, но и да започне како што тој вели, енергетска трансформација во државата.

„Факт е дека енергетската трансформација започна во мојот мандат. До 2016 година, имаше инсталирано вкупно 16 мегавати обновливи извори на енергија. Од јануари 2022 до крајот на мојот прв мандат издадени се над 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија. Денес имаме инсталиран капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија со која се снабдуваат 166.000 семејства. Со овој тип на политики ја вративме евтината тарифа на електрична енергија од 13 до 15 часот со што домаќинствата заштедуваат и до 1.000 денари месечно. Тоа се видливи и мерливи економски показатели“ посочи Ковачевски.

Тој потсети дека Владата обезбедила 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството преку пакетите на антикризни мерки, дека се забележува постојан раст на платите и пензиите, пад на невработеноста и очекува дека тоа граѓаните ќе го препознаат и дека соодветно ќе го вреднуват.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +