Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бислимоски: Концептот на повластена тарифа во Македонија се применува веќе 15-16 години, а истиот се применува и секаде во ЕУ

„Значи, во однос на стратешките инвестиции, тоа е еден од начините како може да се реализираат овие инвестиции. Кај две од тие, кај Стипион и Митилинеос, за одреден период им се гарантира цена и тој концепт во Македонија веќе се применува во изминатите 15 до 16 години. Тоа е класичен концепт на фидинг тарифа“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека со тој концепт на фидинг тарифа, до сега во државата се направија 130/140 мегавати мали хидроелектрани, кои имаат повластена тарифа, се направија ветерни електрани од 72 мегавати и се направија 17 мегавати фотоволтаици.

„Тој концепт на повластена тарифа не се применува само во Македонија, се применува насекаде во Европската Унија за да може да се привлечат инвеститори“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ рече дека тој секогаш поддржува инвестиции во енергетскиот сектор, а за конкретните инвестиции сега кажа дека се договарани уште од 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК