18.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Бислимоски: Чебрен не е „Скопје 2014“ да го заврши една влада, треба општ политички консензус

„Не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат ‘да, ќе ги тераме’. Чебрен не може да се заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како ‘Скопје 2014’. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека има неколку проекти кои се извесни и треба да се реализираат, како Чебрен, изградба на нова интерконективна со Грција врска и ширење на мрежи за природен гас на државата, развојно обновливи извори кои што не можат да дадат бесконечно.

„Овие инвестиции за да ни се развива македонската економија, мора да се случат. Следната енергетска криза, како ова е што ја имавме, ние ќе немаме електрична енергија. До таму ја отиде на работата, да не се лажеме“ рече Бислимоски.