Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Жител на Демир Капија обвинет за ширење омраза кон припадници на маргинализирана група

-По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација. Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК