Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ ги бранеше министрите на Таравари но немаше став, не ги бранеше и не гласаше за своите министри

-ДПМНЕ е партија на феномени во светски рамки со целосно загубен политички компас, соопшти СДСМ.

„Кога требаше да гласаат за своите министри во техничката влада, не ги гласаа, не ги бранеа.

Целата дискусија во македонското Собрание за изборот на техничката Влада помина со еден говор на еден пратеник и заврши за само некој час.

Но затоа пратениците на ДПМНЕ вчера ревносно ги бранеа министрите на Таравари кои беа разрешени.

Зошто ДПМНЕ за своите министри не кажа ниту збор?

ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат на државата, а нема став која е алтернативата, без членство во ЕУ.

ДПМНЕ се противеше на Францускиот предлог, на пратениците на ДПМНЕ немаа став, па не гласаа кога овој предлог, беше ставен на гласање во Собранието.

Ширеа лаги и сееја став меѓу граѓаните за асимилација и бугаризација, за губење на македонскиот јазик, а, како што се без став, не гласаа во парламентот за договорот Фронтекс.

Не сакаа во техничка влада, па и се придружија. Предложија свои министри, па не ги гласаа.

ДПМНЕ е политички феномен.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК