25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Фрчковски за состојбата во ОН: Клучната работа околу која се крши копјето е дали ќе има некаков суд за Русија или агресорот ќе помине без никаква осуда

„Со агресивната војна на Русија во Украина настана шок. Цела година не можат да излезат од тоа како да се однесат со тоа дека една земја од петте постојани членки на ОН ги крши отворено клучните одредби од повелбата и се однесува понатака како ‘’business as usual’ продолжува да биде членка, да поднесува резолуции, да кандидира членови. Имаше еден шок кој се протегнува втора година. Не знаат како да се однесуваат, се обидоа со силни резолуции, бидејќи Советот за безбедност е блокиран поради руското вето, не може ништо да се направи. Генералното собрание ја компензира таа блокада со некакви резолуции кои се високо гласани. Постои мобилност од 140 земји против Русија де факто“, изјави амбасадорот на Обединетите Нации во Соединетите Американски Држави професор Љубомор Фрчковски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.

Тој додаде дека постои голема фрустрација дека за основната задача за која ОН е издизајнирана не може да направи ништо.
„Тој цинизам кој го разјадува одвнатре е негов најголем проблем. Клучната работа околу која се крши копјето е дали ќе има некаков суд за осуда на Русија или агресорот ќе помине без никаква осуда. Тоа целосно би го разрушило системот на ОН. Можат да прават ситни работи, да расправаат за човекови права, развој, екологија, меѓутоа не можат да осудат агресор кој ја руши повелбата. Ова е страшна ситуација“, потенцираше Фрчковски.

Тој посочи дека сега се расправа дали ќе има суд за Русија, некаква осуда за постапката за да може на крајот на краиштата да се спаси оваа огранизација. Тоа за организацијата од безбедносен аспект ќе значи дека е „жива“ и во центарот на приказната, односно дека нешто може да направи.

„Русите се изолирани во ОН како никогаш досега. Пропаднаа на неколку клучни гласања. Се судираат со нас, Северна Македонија, веќе 24 гласање не можат да бидат избрани поради тоа што на некој начин нашата кандидатура ги блокира. Со целиот западен блок се договоривме да има некаква блокада на Русија“, заклучи Фрчковски.