„Скандалозна е агресијата на Русија во 21 век кога се смета дека меѓународните војни веќе завршија. Дополнително, дополнета е со Анекс на анексирање на територија што ги паничи афричките земји. Ако ова остане преседан, дека можат да влезат и да анексираат една петтина од територија. Тоа би било хаос во Африка. Од друга страна на Русите им помогна оваа ситуација во Газа со Израел, начинот на кој Израел ја води условно оправданиот одговор на терористичките кај нив“изјави амбасадорот на Обединетите Нации во Соединетите Американски Држави професор Љубомор Фрчковски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.
Тој посочи дека конфликтот во Израел им помогнал на Русите да излезат од центар на внимание на единствено обвинети и дека сега може да се рече дека другата голема сила Американците ги поддржуваат целосно.
„Тој баланс е негативен баланс, баланс на дното на активноста на ОН. Влегуваме во еден нов свет кој е свет на блокови кои можеби не се така остри како во Студената Војна, но во основа има 3-4 блока, блоковски поделен свет кој е тензичен и компетитивен меѓу себе и кои не исклучува водење на војни на трети земји во трети региони. Тоа се блоковит на Русија, Кина, Индија, САД, ЕУ, Афричките земји. Жесток блоковски свет кој во геополитичка смисла е компетитивен и се судира“ потенцираше Фрчковски.
Тој додаде дека се чини дека постои некаква регресија, навраќање на минатото.
„Во тој свет во сите анализи ОН е маргинализиран во основа. Двесеттина институти доаѓаат до сличен заклучок каде одиме, одиме во благо блоковски свет кој е компетитивен и во судир, не е мултилатерален како што очекувавме каде што владее меѓународното право онака како е неприкосновено. Организацијата која треба да биде олицетворение на меѓународното право повторно е на дното на приказната и е маргинализирано во делот на геополитичките прашања“, заклучи Фрчковски.