За време на посетата на Правосудната академија на Турција, министерот за правда Кренар Лога ја потенцираше одличната соработка меѓу двете држави која започна уште во 2011 година. Во рамките на соработката , 13 слушатели од петтата генерација беа упатени на студиска посета во република Турција.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка на двете академии во 2021 година се потврдија заложбите за двете институции за унапредување на ефикасноста на правосудните системи во двете земји преку спроведување обуки за судиите и за јавните обвинители , со размена на искуства и со реализација на студиски посети кои во минатото се покажаа како успешни концепти за зајакнување на капацитетите на двете академии.
Директорот на Правосудната академија на Турција, Мухитин Оздемир се заблагодари на досегашната соработка и истакна дека се подготвени да се организираат заеднички студиски посети, семинари и конференции меѓу двете институции. Оздемир посочи дека е особено горд што во 2022 година во Анталија, во организација на Правосудната академија на Турција и Агенцијата за соработка и координација на Република Турција-ТИКА бил одржан натпревар на кој учествувале претставници од повеќе држави а првото место им припаднало на 20-те слушатели од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители и нивниот ментор , Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата.
Договорено е во соработка со ТИКА во мај во Охрид да се одржи Конференција слична на онаа во Анталија за Меѓународна програма за обука за современи прашања за правото на човекови права.