Centar.mk
БИЗНИС

Турската лира падна на ново историски најниско ниво, инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута во 11:10 часот се продаваше за 30,6 лири на меѓународната берза Forex.

Годишната стапка на инфлација во Турција забрза на 64,86 отсто во јануари од 64,77 отсто во декември, објави турскиот статистички институт – Туркстат на почетокот на неделата. Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Гувернерката на Централната банка на Турција (ТЦМБ), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари од лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој рече дека ќе продолжи со цврста монетарна политика, пишуваат медиумите.

ТЦМБ на крајот на јануари ја зголеми референтната каматна стапка од 42,5 на 45 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ НА АЛТА БАНКА: Српското обвинителство ги проверува трансферите во странство

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА СО ПОРАКА ЗА ШТЕДАЧИТЕ: Македонскиот банкарски систем е стабилен и под надзор

ДЕСК

МАЈСТОРОТ ПОСКАП ОД МАТЕРИЈАЛОТ – Зошто поправките во домот стануваат голем трошок?

ДЕСК