22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новата претседателка на антикорупциската комисија: За нас, важно е секоја иницијатива да заврши со правосилна судска одлука

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе работи независно и објективно и нема да дозволи притисоци и влијанија, изјави новата претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска.

Таа рече дека ѝ претставува чест и задоволство да работи во институција која во минатото докажа дека е поставена на високи професионални стандарди.

„Се надеваме дека со нашиот личен и професионален капацитет ќе придонесеме за зголемување на интегритетот на државата“, рече Димитровска.

Новата претседателка истакна дека ДКСК сама како институција не е доволна за да се заштити државата од корупцијата, која е генератор на многу проблеми во општетството, и во таа насока ги спомена медиумите, владините институции и граѓаните, кои се од особена важност за успех во борбата.

Како што посочи, значајна алка во целиот систем е и Јавното обвинителство, при што за ДКСК е важно секоја иницијатива или поведена постапка да заврши со правосилна судска одлука.

„Нема да потклекнеме на притисок, ќе бидеме транспарентни и одговорни“, тврди претседателката.

Димитровска, која доаѓа од позицијата државен ревизор, пред медиумите истакна дека нејзината мотовација е лична и професионална имајќи го предвид нејзиното долгогодишно искуство во ревизијата.