25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Предизвиците на лицата со попреченост се и наши предизвици

Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше на средба со Здружението на слепи на Општина Велес. На средбата се разговараше за поголема инклузија на слепите лица во општеството и обезбедување на повеќе ресурси за да се овозможи полесно нивно функционирање во општеството.

Министерството за труд и социјална политика доследно ја покажува својата поддршка на слепите лица во државата, Доказ за тоа е покачувањата на средствата од државниот Буџет за националните сојузи како за здруженијата за слепи така и за здруженијата за глуви и наглуви. Оваа година министерството за Националниот сојуз на глуви и наглуви на РСМ издвои 12.547.000 денари, додека за Националниот сојуз на слепите лица на РСМ издвои 13.967.000 денари што е за два милиони повеќе од минатата година за двата сојузи засебно.

„Ги покачуваме средствата за работа на Сојузите, затоа што напредокот на лицата со попреченост е наш приоритет. Одлуките ги носиме согласно потребите на лицата со попреченост и тоа нема да се промени и во иднина. Напротив продолжуваме во континуитет да вложуваме особено во младите лица со попреченост затоа што го знаеме потенцијалот кој се крие во нив“ рече Тренчевска.

Таа го продолжи состанокот со разговори за секојдневниот живот на членовите на здружението и за плановите за нивни активности. Воедно по средбата пред Тренчевска беа презентирани и печатарите со кои Здружението подготвува материјали за читање за лицата со оштетен вид.