Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ е на страна на студентите и ги поддржува нивните барања

-СДСМ е на страната на студентите и секогаш ги поддржува нивните барања за унапредување на студентскиот стандард, соопшти СДСМ.

„СДСМ покажа дека се грижи за потребите на студентите, разговара со нив и како резултат на тој дијалог во изминатите неколку години значително се унапредени правата на студентите, но и се воведени нови.

Изминативе години за скоро двојно е зголемен износот на стипендиите, воведени се нови категории на стипендии, како и нови стипендии за средно стручно образование.

Студентите не беа изоставени ниту од пакетите за антикризни мерки, со цел да се излезе во насока на унапредување на студентскиот стандард.

Тука е и субвенционираниот студентски оброк, кој е воведен од СДСМ. Ова право не постоеше порано.

Како и претходно така и сега, СДСМ поддржува се што е во насока на подобрување на студентскиот стандард и подобра грижа за студентите.

Ги повикуваме сите пратеници во македонското Собрание да застанат зад иницијативата од Универзитетското студентско собрание! Да обезбедиме измени во Законот за субвенциониран студентски оброк.

Заедно, можеме да направиме значајни промени за студентите и пристапот до здрав оброк.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК