Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица

На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени, соопшти МВР.

На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И. – извести полицијата.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК