Љубомората и одмаздољубивоста се две многу негативни особини, особено изразени кај повредени, напуштени, измамени жени. Хороскопот ги припишува овие особини на жените родени во знакот на Шкорпија и Девица.
Астролошки може да се види доза на љубомора и одмаздољубивост.
Шкорпија
Жената Шкорпија е под влијание на Плутон, тоа е планетата која најмногу зборува за скриената љубомора и големата потреба за одмазда, особено кога е повредена или изневерена од партнерот.
Оваа жена многу брзо прави план за одмазда и го спроведува во вистински акции. Не може да мирува додека не се одмазди, нема ни чувство за пропорција кога е одмаздата во прашање. Тоа се често драматични сцени, партнерот може да доживее многу непријатни ситуации во јавност.
Тоа се жени кои никогаш не забораваат и никогаш не простуваат. Создава драматични и театарски сцени. Во моментот кога ќе помисли дека можеби била измамена или изиграна, реагира многу бурно, многу драматично со голема доза на хистерија. Партнерката е изненадена од нејзината реакција и не гледа начин да ја убеди во спротивното.
Девица
Кога станува збор за жената Девица, таа е многу сомнителна и емотивно воздржана. Поради нејзината постојана потреба да анализира сè детално, таа брзо може да открие дали партнерот ја изневерува или не. Кога ќе дознае, ќе „игра игри“ кои партнерот не може да ги погоди.
Нејзината потреба за одмазда е многу јасна и прецизна и нема да се откаже од тоа додека не го направи тоа како што го замислила. Партнерот често не може ни да предвиди што е способна да направи и што може да држи против него.