5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонија меѓу земјите со најнизок данок во Европа

Даночните оптоварувања значително се разликуваат низ Европа, а тие оптоварувања за работниците се повисоки во западноевропските, поразвиени земји.

Според американската „Даночна фондација“, европските работници со просечна плата во 2022 година издвојуваат една третина од својата плата за даноци.

Како што објави „Еуроњуз“, земји со најголем данок на доход се Данска (55,9 отсто), Австрија (55 отсто), Португалија (53 отсто), Шведска (52,3 отсто) и Белгија (50 отсто). Од друга страна, земјите со најнизок данок на доход се Романија (10 проценти), Бугарија (10 проценти), Босна и Херцеговина (10 проценти), непризнаеното Косово (10 проценти) и Северна Македонија (10 проценти).