19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Градска.мк: Општина Аеродром го остави МЗТ без пари?

Според неофицијални извори на Градска.мк, општина Аеродром е во незавидна состојба со буџетот, па затоа клубот сеуште ги нема добиено паричните средства. Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски пред пет месеци во својата објава на „Инстаграм“ истакна дека дресот на „МЗТ Скопје Аеродром“ треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка.

Тој во рамките на учеството на Мрежата на силните градови на градоначалникот на Њујорк, кој истовремено беше домаќин на настанот, му врачи дрес од кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје Аеродром.

Но, овој иконски клуб на Скопје остана без средства кои се неопходни за функционирање на овој клуб на скопјани.

Градска.мк постави прашање до општината Дали во општинскиот буџет за 2024 година имате предвидено финанциски средства на кошаркарскиот клуб МЗТ. До објавата на текстот сеуште немаме добиено одговор.

Имено за време на претходниот градоначалник Златко Марин во 2021 година овој кошаркарски клуб доби 24.000.000 денари или 390.000 евра.

Извор: Градска.мк

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообрaќајка близу Струга – повеќе лица се повредени и пренесени во клиниките во Охрид и Скопје

ДЕСК

Апсење на Блато – го барале преку Интерпол, полицијата му стави лисици на рацете

ДЕСК

ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: 20 пријави за нарушување на изборниот молк, на 47 профили на социјални мрежи се агитирало

ДЕСК