12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Андонов: 30 години не се изградил ниту еден државен енергетски капитален објект

„Морам да искажам разочарување што универзитетски професори се против енергетски инвестиции кога 30 години не се изградил ниту еден капитален енергетски објект. Зборуваме за искуство што треба да го имаат професори со кое би учествувале во изградба на објекти и тоа се стекнува доколку се учествува во самата изградба или проектирање на истата. Ние немаме таков капацитет. Ниту еден државен термо капацитет од осамостојувањето до сега не е изграден. Немаме професори кои учествувале во таков објект. Те- То е изграден од шпанска компанија, граден од турска компанија. Се што е приватно не чини, таа теза не одговара. Не треба да ги избркаме тие луѓе кои инвестирале тука, и тоа останува кај нас, се ангажирале домашни луѓе, земале пари од наши и странски банки, вработиле наши инженери. Сите тие инвестиции што ги објавува РЕК се домашн инвестии,“ рече Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Тој се осврна на времето во криза, кога трговците со електрична енергија им ги откажале договорите, а на ТЕ-ТО бидејќи е домашен му се наложи да ја продава енергијата дома.

„Тоа е разликата дали да градиме дома или да купуваме од берза. Ако сакаме да градиме одржлив развој треба однапред да гледаме. Развојот треба да го гледаме 20 години однапред, а не наназад,“ порача Андонов.

Можеби ќе ве интересира

Неколку повредени во тешка сообраќајка на патот Демир Капија – Неготино

ДЕСК

Трагедија на македонските патишта: Во тешка сообраќајка загина младо момче

ДЕСК

Голема ноќна полициска акција на повеќе локации низ Скопје – 12 лица паднаа во раце на полицијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.