Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Ќе го понудиме најдобриот кандидат во трката за претседател, кој ќе биде силен столб на победата на европскиот фронт

„Идниот кандидат за претседател на државата СДСМ ќе го бира демократски, преку веќе дефинирана процедура. Пендаровски е веќе докажан во она што го работи и како ја извршува неговата должност, покажа како треба да се работи за интересот на сите граѓани, го врати кредибилитетот на функцијата Претседател и сметам дека неговите политики и визија во застапувањето на државата се препознаени и од граѓаните. СДСМ за претседател на државата ќе кандидира победнички профил на кандидат, за кој сметам дека Пендаровски повторно ги исполнува условите. Конечната одлука ќе се носи во претстојниот период од страна на партиските органи и се разбира во директна консултација со нашите коалициони партнери“, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Таа истакна дека СДСМ ќе го понуди најдобриот кандидат во трката за претседател, кој ќе биде силен столб на победата на европскиот фронт.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК