Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нови мерки за лозарите и поголема поддршка, 9.600 денари по хектар, 100% зелена нафта

СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите, велат од СДСМ.

„60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари.

Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

Од оваа година поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.

Лозарите до 14 февруари можат да очекуваат исплата на дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.

Подготвен е нов закон за вино, кој го отцртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка.

СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и винскиот сектор, кои имаат стратешка економска важност и претставуваат своевиден препознатлив заштитен знак на Македонија.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК