Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Како ДПМНЕ влезе во Влада така излегоа на виделина сите нивни лаги

Како ДПМНЕ влезе во Владата, така на видели излегоа сите нивни лаги. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во Влада, но без ДУИ. ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ – Мицкоски ги излажа граѓаните, велат од СДСМ.

„Пред да влезе во Влада, ДПМНЕ најавуваше дека со закон ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите.

Ништо од закон, ништо од решение, ДПМНЕ наишло на ѕид од грчката амбасадорка.

ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ЕУ да убедат да го промени ставот.

Како тогаш ДПМНЕ може да убеди 27 земји членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија, како тогаш може да репреговара, да го смени францускиот, односно европскиот предлог.

Мицкоски го манипулира своето членство и ги лаже граѓаните.

На Мицкоски не може да му се верува, се што кажа – излажа.“ – соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК