Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костовски: Социјалдемократскиот сојуз ги отвори вратите за секој којшто ги дели истите вредности и политики и се залага за интеграција во Европската Унија на државата

„Партијата на господинот Таравари Алијанса на Албанците е партнер во извршната власт. Тоа не е ништо ново, двајца коалициони партнери да разговараат во делот на спроведувањето на своите програмски определби за коишто коалицирале и направиле извршна власт односно ги поделиле ресорите. Социјалдемократскиот сојуз подолг временски период подаде рака, ги отвори вратите за секој еден којшто дели исти вредности и политики и се залага за интеграција во Европската Унија на државата да дојде рамо до рамо со нас дали е тоа партија или поединец“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 во однос на одржаната средба меѓу Таравари и Ковачевски.

Тој додаде дека му пречи тоа што во последно време се дефинираат коалициите како етнички, меѓуетнички.

„Суштината на европскиот пат е да се направат вредносни коалиции, каде што СДСМ ќе биде стожерот на европски и евроатланските вредности за коишто се бориме сите овие години. Првата стратешка цел е остварена. Влез во НАТО. Втората стратешка цел е отварање на преговорите со ЕУ. Очекуваме во наредниот период проевропското расположение коешто се рефлектира на самите анкети на граѓаните, над 70% да се манифестира и преточи во еден фронт кој го нарекуваме проевропски фронт на граѓаните“, потенцираше Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК