Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, се што кажа Мицкоски излажа

-ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се што кажа Христијан Мицкоски излажа, велат од СДСМ.

„Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата?

Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа?

И сега ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.

Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ како сега одеднаш може во Влада со ДУИ?

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта.

Едно е кристално јасно: на Христијан Мицкоски не може да му се верува.“ – се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК