15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестSHOWBIZ

СЛАТКАР со КОНЦЕРТ во СКОПЈЕ!

СЛАТКАР со КОНЦЕРТ во СКОПЈЕ!

Кога ќе чуете Слаткар и концерт, веднаш ви текнува на “Слаткаристика будало” и преполна Метрополис арена!

Тоа е така затоа што таа, 2009-та година, сите го запознавме Раперот кој беше поинаков од се’ што сме виделе дотогаш.

Тогаш Слаткар го издава легендарниот албум “Слаткаристика будало” кој се продава во рекордни 48 часа, а исто така за миг распродадената концертна сала станува реалност и за еден македонски артист.

Слаткар, на свои 23 години постави стандарди на перформанс во живо, одржување концерти на светско ниво, распродавање албуми и арени, а песните од тоа време и ден денес ги пеат сите генерации.

Денес, после 15 години… тој најавува ретроспектива на сите хитови, од сите временски ери од неговото творештво, а публиката после повеќе од деценија, од излагањето на албумот “Слаткаристика будало”, ќе има можност да присуствува на одличен настап во живо на Слаткар со неговиот бенд, за уште еден концерт за паметење!

Специјални гости: Тони Зен и 2Бона

Датум: 16-ти март
Локација: СКОПЈЕ ЕВЕНТ ЦЕНТАР
Време: 21:00 часот

Биди дел од оваа хип – хоп ЕВОЛУЦИЈА со песните од времето што некогаш беа РЕВОЛУЦИЈА!

Kупи Online карти:
https://mktickets.mk/event/slatkaristika/

Можеби ќе ве интересира

Сопругата на Робин Вилијамс откри детали за неговата состојба и причините за самоубиството

C +

Почина Габи Новак – беше легендарна југословенска и хрватска пејачка

ДЕСК

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК