Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во Велес

Вчера, во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.А.(42) од Велес. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари, соопшти МВР.

Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК