Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Четири приватни стратешки инвестиции во енергетиката вредни 800 милиони евра влегуваат во Собрание

„Оваа недела во собраниска процедура се влезени четири стратешки инвестиции во делот на енергетеиката. На 7 февруари во Собрание се на двневен ред. Зборуваме за четири големи инвестиции од околу 800 милиони евра кои ќе ни помогнат во енергетската транзиција“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека освен овие четири инвестиции во енергетиката има уште три-четири стратешки инвестиции кои биле преговарани, но не успеале да стигнат до завршна фаза.

„Изминатите седум години се што било наша проекција за раст било реално. Дури и во најголемите кризи, од 2020 година со ковид кризата, па наваму, сакаме да сме реални. Немаме големи промашувања, затоа сум оптимист дека независно од трите месеци изборен период, растот годинава ќе биде околу три отсто“ рече Битиќи.

Тој додаде дека одредени проекти се почнати и независно од изборите ќе продолжат, бидејќи сите предуслови за нив се исполнети.

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.