25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Зголемувањето на минималната плата особено важно за над 80.000 вработени во текстилната, кожарската и чевларската индустрија

Парламентарното мнозинството недвосмислено застана зад правата на работниците. Зголемувањето на просечната плата се должи на зголемувањето на минималната плата. Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска, вели дека зголемувањето на минималецот особено го осетиле околу 80 илјади работнички од текстилната, кожарската,чевларската индустрија.

„До 2017 година односно пред 7 години минималната плата во земјава не беше еднаква за сите работници, во различни стопански гранки беше различна. Онаму каде работат најголемиот број работници како што се текстилната, кожарската ,чевларската индустрија минималната плата која ја земаа над 80 000 работници од кои најголемиот број се жени изнесуваше 8 700 денари, вели таа.

Во анализата на Бизниспро се вели дека во 2012 година биле потребни 3,9 минимални плати за една потрошувачка кошничка, во 2017 година биле потребни четири плати, во 2019 година доаѓаме до ситуација кога тоа се намалува на 2,2 минимални плати, во 2023 потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка.

Според статистиките за шест години просечната плата е зголемена за 15.487 денари и ако во 2017 година, просечната плата изнесувала 23.356 денари, во октомври 2023, 38.843 денари или 630 евра. Значителен скок има и кај минималната плата.

Ако до 2017 минималната плата беше до 9000 ден и не со иста вредност во сите дејности, сега таа изнесува 20.175 ден. а со усогласувањето во март се очекува минимална плата од 22 500 ден.