25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Во 2017 година биле потребни четири плати, додека во 2023 се потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка

Во анализата на Бизниспро се вели дека во 2012 година биле потребни 3,9 минимални плати за една потрошувачка кошничка, во 2017 година биле потребни четири плати, во 2019 година доаѓаме до ситуација кога тоа се намалува на 2,2 минимални плати, во 2023 потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка.

Според статистиките за шест години просечната плата е зголемена за 15.487 денари и ако во 2017 година, просечната плата изнесувала 23.356 денари, во октомври 2023, 38.843 денари или 630 евра. Значителен скок има и кај минималната плата.

Ако до 2017 минималната плата беше до 9000 ден и не со иста вредност во сите дејности, сега таа изнесува 20.175 ден. а со усогласувањето во март се очекува минимална плата од 22 500 ден.