Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Истиот дезертер против кој денес зборуваше ВМРО-ДПМНЕ, беше министер за одбрана во нивната влада

„Слушнав денес неколку говори во Собранието и ја слушнав изјавата дека станува збор за дезертер. Но, тој ист дезертер беше член на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година како министер за одбрана“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.

Таа додаде дека мора да се прави хронологија на настаните во земјава и да се потсетуваат и граѓаните и политичките актери на тоа што се случувало, за да не се даваат небулозни изјави.

„Талат Џафери согласно својот професионален ангажман како претсдател на Собранието беше на ниво на задачата. Во својот говор денес напомена дека ќе се бори и понатаму за сите тие исти принципи на функционирање за добробит на државата и граѓаните“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека не треба да се делат политичарите по било каква основа, било да е тоа национална или верска и дека треба да се унапредува политичкиот дијалог, комрпмис и политичката култура во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК